Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
По 50 години самостојно работење болницата за белодробни заболувања надлежните се обидуваат да ја спојат со клиниката во Тетово. На ова реагираат лекарите и бараат од менаџментот да се спротистави на ваквите намери на Министерството за здравство. Синдикатот јавно предупреди со какви се проблеми ќе се соочат доколку станат дел од клиничкиот центар Тетово.
Болницата до сега функционира со самостоен буџет. Вработените велат доколку се работи за недостиг на кадар, тоа може да се реши поинаку и да се распределат специјалисти. Директорот не одговори на повиците за да ни објасни по чие барање се предлага ваква одлука ако вработените се против.
Годишно во амбулантата прегледуваат околу 7000 пациенти а напоредно се грижат и за потешките случаи на кои им треба болнички третман. Велат доколку се донесе ваква одлука во Влада, најголемата штета ќе ја претрпат пациентите од цел западен регион кои овде добиваат соодветен третман за белодробните заболувања. Од министерството за здравство не добивме одговор какви се намерите и зошто се предлага болницата да биде под иста капа со тетовската клиника.
Извор: Сител
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024