Синдикатот на ,,Еуроникел” со нов допис до раководството, се бара производство и прекин на неизвесноста
Синдикатот на ,,Еуроникел индустри” денеска испрати нов допис до раководството, се бара производство и прекин на неизвесноста. Претседателот на синдикалната организација, Миле Ѓорѓиев во изјава за МИА појасни дека фабриката и понатаму не работи, нема производство, нема руда, нема репроматеријали, иднината останува неизвесна. Тој нагласи дека работниците се револтирани од игнорантскиот однос и освен усни информации, не им биле доставени одговори на нивните две писмени барања во октомври месец.
– Платата за месец септември конечно се исплати, но еве помина и месец октомври и повторно е време за плата, пишуваат од Синдикатот во дописот, прашувајќи кога овојпат ќе добијат плата и каква плата од биде тоа. Притоа нагласуваат дека производство нема, а платата без бонус и варијабила не ги покрива ни основните семејни трошоци.
Во дописот потпишан од Ѓорѓиев, се додава дека многу ветувања имале добиени, но лажни. Им било ветувано плата и производство, подобри времиња, безбедни работни места.
– Дојдете овде и завршете си ја вашата работа. Разрешете ја нашата судбина, разрешете ја нашата иднина. Оваа фабрика може и знае да работи. Ние знаеме како да произведуваме. Сите имаме семејства, деца, за кои треба да се грижиме а вие најсурово си погрувате со нашите животи. Ве чекаме во фабриката, порачуваат од Синдикатот.
Претходно, овие денови, вработени во фабриката мирно протестираа пред комбинатот, барајќи да се произведува, да се има сигурност во платите и нивната висина.
Синдикатот на ,,Еуроникел индустри” денеска испрати нов допис до раководството, се бара производство и прекин на неизвесноста. Претседателот на синдикалната организација, Миле Ѓорѓиев во изјава за МИА појасни дека фабриката и понатаму не работи, нема производство, нема руда, нема репроматеријали, иднината останува неизвесна. Тој нагласи дека работниците се револтирани од игнорантскиот однос и освен усни информации, не им биле доставени одговори на нивните две писмени барања во октомври месец.- Платата за месец септември конечно се исплати, но еве помина и месец октомври и повторно е време за плата, пишуваат од Синдикатот во дописот, прашувајќи кога овојпат ќе добијат плата и каква плата од биде тоа. Притоа нагласуваат дека производство нема, а платата без бонус и варијабила не ги покрива ни основните семејни трошоци.Во дописот потпишан од Ѓорѓиев, се додава дека многу ветувања имале добиени, но лажни. Им било ветувано плата и производство, подобри времиња, безбедни работни места. – Дојдете овде и завршете си ја вашата работа. Разрешете ја нашата судбина, разрешете ја нашата иднина. Оваа фабрика може и знае да работи. Ние знаеме како да произведуваме. Сите имаме семејства, деца, за кои треба да се грижиме а вие најсурово си погрувате со нашите животи. Ве чекаме во фабриката, порачуваат од Синдикатот. Претходно, овие денови, вработени во фабриката мирно протестираа пред комбинатот, барајќи да се произведува, да се има сигурност во платите и нивната висина.