Синдикатот на клинички центар во среда ќе одржи потрест – бара линеарно зголемување на платите

Протестот е закажан за в понеделник, но ќе му дадат простор за преговори на Министерството за здравство, па затоа собирот ќе го одложат за до среда, доколку дотогаш не постигнат договор за покачување на платите за 2.860 денари, посочуваат од синдикатот во својата изјава.

На протестот ќе му се приклучат медицинските сестри, администрацијата, лекарите и целиот медицински персонал.

Министерот за здравство Беким Сали истакнал дека го поддржува синдикатот, но наведе дека тој не е надлежен за одвојувањето на финансиските средства.