- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикатот на полицијата со докази за неправилно постапување на функционери во МВР

335views
Соопштението на Синдикатот на полицијата во Македонија ви го пренесуваме интегрално:
 
Владеење на правото во МВР пуштено на најјако⁉️
 
Денес ќе презентираме јавно докази за тоа како највисоки функционери на Министерството за внатрешни работи со години наназад постапуваат спротивно на правилата и прописите на Министерството а со тоа нанесуваат директно штета како на работниците така и на Министерството по изгубените судски процеси. Имено наведените функционери на највисоките позиции во Министерството ставајќи се во позиција на ПРЕТСЕДАТЕЛИ и на наведените комисии непочитувајќи го Законот за внатрешни работи и Правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување во МВР сами изготвувале ОДЛУКИ и истите ги спроведувале до Министерот за внатрешни работи без притоа често несвикувајќи ја комисијата која е составена од вкупно пет членови со право на глас.
 
 Да стане појасно за вработените и јавноста, постојат две комисии за распоредување и унапредување на полициски службеници на работни места и тоа комисија од Б,В,Г,Д и Ѓ категорија и комисија од Ж и Е категорија. Одлуки за распоредување и унапредување на работниците во Министерството донесуваат токму овие комисии за распоредување и унапредување, што ги формира министерот со решение. Комисиите се составени од претседател, четири члена и нивни заменици, од кои еден член и заменик се претставници на Синдикатот (Македонскиот полициски синдикат), а еден член и заменик е променлив и е раководител на организациската единица каде е систематизирано работното место за кое се спроведува постапка за распоредување. Во работата на комисијата учествува и секретар-записничар, без право на глас кој што е должен да изготви записник а таков записник во најголем број на случаи НЕМА.
 
 Како Синдикат кај нас лично отвара основан сомнеж дека овие Комисии во овој состав, воопшто или често немаат заседавано и воопшто немаат одлучувано за предметното распоредување во полн состав, односно дека воопшто такви пропишани одлуки и записници потпишани од сите пет членови НЕ Постојат. За ова постои доказ кој што ќе го презентираме во понатамошниот период.
 
 Наведеното отвара сомнеж дека исто така е постапувано и работено спротивно на правилата и прописите на двете правни служби во МВР од причини што воопшто ваквото незаконско постапување не го земале во предвид при спроведување на постапките за распоредување.
 
 Вработените и јавноста треба да знаат дека во конкретниот случај покрај Законот за внатрешни работи каде е пропишана постапката за распоредување на работник постои и Правилник за начинот на спроведување на селекција при распоредување број 13.1 -17949/1 од 12 март 2015 година. Конкретно наведените претседатели на Комисиите В. К. и О. Л. , свесно заобиколувајќи го Законот и Правилникот со непостапување по прописите, несвикувајќи комисии кои биле должни да го потпишат записникот и одлуката во периодот од месец Април 2018 година до месец Декември 2020 година САМИ потпишале и спровеле голем број на решенија за полициски службеници и униформирани полициски службеници. Во најголем број на наведените незаконски постапки сами изготвиле и потпишале одлуки за изготвување на решенија на УПС и ПС за распоредувања најчесто надвор од местото на живеење.
 Дека наводите кои ги тврдиме се точни и вистинити доставуваме во прилог три одлуки потпишани само од наведените двајца претседатели.