Светот на работникот

Не е платата она што најмногу нѐ загрижува: Што навистина ја намалува финансиската анксиозност?

Многумина веруваат дека поголемата плата автоматски би ги решила сите нивни финансиски грижи. Меѓутоа, новото истражување покажува дека висината на приходите не е пресуден фактор кога станува збор за финансиската анксиозност. Многу поважно е колку навистина поседуваме.

Анкетата сптоведена помеѓу 1,875 возрасни Американци, која ја нарачала инвестицската апликација Acomos, покажала дека растот не приходите не доведува нужно до значајно намалување на финансискиот стрес. Она што ја прави разликата е нето вредноста на имотот, односно разликата помеѓу она што го поседуваме и она што го должиме.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 51 % од испитаниците со годишни приходи помали од 20,000 долари изјавиле дека чувствуваат финансиска анксиозност. Меѓу оние кои заработуваат помеѓу 60,000 и 80,000 долари годишно, тој процент изнесува 46 %.

Од друга страна, врската помеѓу нето вредноста на имотот и финансиската сигурност е многу поизразена. Дури 65 % од луѓето чија нето вредност е негативна – односно имаат повеќе долг од имот – рекле дека чувствуваат финансиска анксиозност. Меѓу оние кои немаат долгови, тој процент паѓа на 43 %.

„Кога зборуваме за пониска нето вредност, всушност зборуваме за тоа колку пари навистина имате на располагање и колку средства би можеле да активирате доколку итно ви затребаат“, објаснува финансискиот терапевт Аја Еванс.

Според неа, лицата со помал имот имаат помалку можности да дојдат до пари во кризни ситуации, што дополнително го зголемува чувството на несигурност.

Зошто поголема плата повеќе не е доволна?

Во текот на последните години многу потрошувачи се потпираат на кредитните картички и позајмувањата за да ги покријат секојдневните трошоци, додека дел од вработените посегнуваат по пензиските фондови за да дојдат до готовина.

Иако поголемите приходи можат да помогнат да се избегнат некои од овие проблеми, тие не го отстрануваат стресот. Високите рати за кредит, големите месечни трошоци и стравот од губење на добро платена работа често остануваат присутни без разлика на висината на платата.

„Суштината е во чувството на сигурност. Дали верувате дека можете да се грижите за себе и своето семејство доколку се случи нешто непредвидено? Токму тука настанува финансиската анксиозност“, вели Еванс.

Слично мислење дели и Ерика Расур, советничка за финансиско здравје.

„Кога ќе се најдете под финансиски притисок, често го губите менталниот простор потребен за носење добри одлуки. Тогаш парите престануваат да бидат само финансиско прашање и стануваат емоционален товар кој влијае на сонот, односите, работата и физичкото здравје“, објаснува таа.

Ни богатите не се имуни на финасиски стрес

Интересно е дека финансиката анксиозност не исчезнува ни меѓу богатите граѓани.

Истражувањето покажува дека 43 % од луѓето чија нето вредност е помеѓу 500,000 и 800,000 долари и понатаму чувствуваат финансиски стрес. Дури и меѓу оние кои поседуваат преку 800,000 долари, речиси четвртина од испитаниците пријавиле слични проблеми.

Кај лицата со годишни приходи поголеми од 150,000 долари, финансиска анксиозност чувствуваат 26 % од испитаниците.

Според мислењата на експертите, на тоа придонесуваат бројните современи предизвици – од војни до геополитичката нестабилност до стравот од автомаизацијата, вештачката интелигенција, отпуштања и растот на цените.

Не носете финансиски одлуки под стрес

Експертите предупредуваат дека најважно е да не се носат важни финансиски одлуки во моменти на голема загриженост.

„Немојте да ги преместувате парите ниту да носите големи одлуки кога сте под стрес или во криза. Таквите одлуки често се краткорочни и можат долгорочно да ви наштетат“, советува Еванс.

Наместо тоа, препорката е да се фокусираме на она што можеме да го контролираме.

 „Постојат работи на кои не можеме да влијаеме и тоа е во ред. Важно е да се вратиме во сегашниот момент, да ја согледаме ситуацијата смирено и одлуките да ги донесеме од позиција на јасност, а не страв“, заклучува Расур.

Истражувањето така го потврдува она што многумина интуитивно го чувствуваат: финансиската сигурност не произлегува само од висината на платата, туку и од чувството дека имаме доволно ресурси за да се носиме со неизвесноста. Со други зборови, финансиската резерва често носи помирен сон отколку уште едно зголемување на платата.

Извор: BIZLife