МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикатот на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија дава поддршка за протестот и изразува солидарност во борбата на СПМ

   Време за читање помалку од минута

Синдикатот на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ) испрати безрезервна поддршка за утрешниот протест на Синдикатот на полицијата на Македонија.

“Синдикатот на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија како чин на солидарност, сплотеност и единство во синдикалното движење, изразуваат безрезервна подршка на Синдикатот на полиција на Македонија во нивните заложби  и борба за зголемување и унапредување на работничките права на Вработените во МВР”- се вели во дописот за поддршка од СПТОМ.