- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикат за Транспорт и Врски: Даваме целосна поддршка на протестот на КСС!

СТВ - Работник
290views

Синдикатот за транспорт и врски дава целосна поддршка и се приклучува кон протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС кој ќе се одржи на 15 април (четврток).

Борбата за унапредување на работничките права станува се потешка и посурова, велат од СТВ и нагласуваат дека за тоа се доказ отказите на синдикалните лидери во јавниот сектор, меѓу кои е и Претседателот на СТВ, поради синдикално делување и организирање. Бројните притисоци и понижувања на синдикатот од страна на актуелната Влада и невклучувањето во социјалниот дијалог.

„Партнерството и социјалниот дијалог во изминатиот период како и да не постојат. Законот за работни односи, Колективните договори и ратификуваните меѓународни конвенции на Меѓународната организација на трудот (МОТ) воопшто не се почитуваат и применуваат од страна на државата. Синдикализмот во Македонија е сведен на ниско ниво, а синдикалецот не се цени како претставник на вработените“, велат од СТВ.

Од таму посочија дека поради ниското ниво на социјалниот дијалог и партнерство и прекршувањата на Законите, Колективните договори и конвенциите на МОТ, како грански синдикат се приклучуваат на протестот. Воедно ги повикуваат и нивните членови да се приклучат на протестот, за да покажат солидарност и заедно го изразат незадоволството на работниците кое тлее во изминатиот период.