МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикат на полицијата до Владата: Зошто ги заборавивите полициските службеници?!

Синдикатот на полицијата - Работник
1.16Kviews

На ден 02.11.2020 година преку Центарот за комуникација за јавност на СДСМ беше објавено дека: „Владата предводена од СДСМ континуирано инвестира во здравствените работници и во здравствниот систем кој со месеци е во борба со пандемијата на коронавирусот“, истакнаа од Синдикатот на полицијата во Македонија. 

„Ребалансот на Буџетот, кој е во собраниска процедура, предвидува и средства во висина од 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од коронавирусот, во ковид-центрите во Скопје и во болниците во другите градови низ државата. Во таа насока продолжуваме и со ребалансот на Буџетот за 2020 година, но и во иднина“, велат од СПМ. 

Следната година следува покачување на платите во здравството за 10 отсто.

СДСМ, како одговорна партија, има намера платите во јавното здравство до 2024 да бидат повисоки за 40 отсто од денес, преку зголемување од 10 проценти секоја година. Синдикат на Полиција во Македонија ја поздравува оваа одлука иако лично смета дека и овие ветени проценти се мали за наведената категорија на работници, посочија од СПМ. 

Она што не загрижува како Синдикат е тоа што веруваме дека во еден момент немаше вработен во Полицијата а да не се чуствува барем во овие неколку дена вреднуван, знаејќи го притоа фактот како секојдневно се справува со предизвиците од кризата на терен а некој и покрај се му го вреднува трудот доколку добиевме убава вест. Но не е така за жал, подвлекоа од СПМ. 

„Ова вчера што го изјавија преку соопштение од Владата за жал мораме да констатираме дека е страшно, жално и бедно и невреднување на трудот на вработените во Полицијата. Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Владата е СРАМНА. Се сеќавате до пред извесно време пред неколку години токму од Министерот Спасовски беше измислена паролата „Задоволна полиција – безбедни граѓани“. Да се запрашаме а и запрашајте се Вие господа од Владата сега дали после оваа срамна одлука ќе имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА?“, велат од СПМ.

Како Синдикат сметаме и веруваме дека Ви е познато дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените НИШТО денари кои ги предлага Владата со ребалансот на буџетот. Барем да предвидевте исто колку и здравствените работници, Да, малку се но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи.

Согласно наведеното НАЈОСТРО СЕ СПРОТИСТАВУВАМЕ на вчерашното соопштение, реагираме до Владата и Собранието и БАРАМЕ да се преиспита ова наше барање и во најбрз можен рок да се исправи нанесената неправда нанесена сега и пред извесно време на вработените во Министерството за внатрешни работи. Веруваме дека сите заедно ќе смогнете сила и без разлика на политиките ќе ја донесете сите заедно оваа одлука која за момент можеби ќе ја врати довербата во професијата „ПОЛИЦАЕЦ“. Зошто да нема покачување на платите во Полицијата? ЗОШТО?

Да направиме од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава. Вие сте на потег! – стои во реакцијата на Синдикатот на полицијата во Македонија.