МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикат на Полиција во Македонија:Во МВР незаконски се прераспределуваат вработени

73views

“Почитувани членови на Синдикат на Полиција во Македонија, почитувани вработени во МВР , почитувани странски диспломатски претставници во Македонија , почитувана домашна и странска јавност, се наведува во соопштението од синдикатот. 

Синдикат на Полиција во Македонија , во изминатиот период , во повеќе наврати , ги информираше сите свои членови како и сите вработени во МВР, странски диспломатски претставници во Македонија , како и целокупната домашна и странска јавност , дека во МВР интензивно се одвива процес на издавање на незаконски решенија од Министерот за внатрешни работи каде спротивно на сите правила и процедури, спротивно на закон и колективен договор во МВР, повеќе полициски службеници од повеќе организациони работни единици на МВР, добиваат решенија без никаков правен основ односно биваат распоредени на други работни позиции кои што се апсолутно несвојствени за работните места кои што ги имале во минатото како и распоредување на работни позиции надвор од нивните места на живеење.

Дека целиот овој процес е апсолутно нелегитимен , укажува и фактот дека скоро сите овие решенија се изготвени по основ „По предлог на Началник на СВР” или пак по „По потреба на министерството„ а кои што начини на распоредувања – НЕ ПОСТОЈАТ , односно се во директна спротивност на Законот за Внатрешни работи и Колективниот договор на МВР а за жал како единствена синдикална организација која што јавно истапи , јавно реагираше и со тоа цврсто застана во одбрана на своите членови и припадниците на МВР е Синдикатот на Полиција во Македонија .

Најверојатно како резултат на овие активности на Синдикатот на Полиција во Македонија а со желба за замолчување на јавната мисла и владеењето на безаконие и страв во МВР , од напади не беше поштеден и самиот СПМ , па така како што претходно информиравме и реагиравме , Министерот за внатрешни работи , донесе незаконско Известување со кое се забранува запирање на синдикална членарина за членовите на Синдикат на Полиција во Македонија, договор за синдикална членарина потпишан помеѓу претходниот Министер за внатрешни работи и Синдикатот на Полиција во Македонија , на кој што начин беа погазени и прекршени членот 11 од Европската конвенција за заштита на човековите права , членот 23 од Универзалната декларација за правата на човекот , член 186 од Законот за работни односи, членот 35 од Општиот колективен договор за вработените од јавниот сектор како и член 37 од Уставот на Република Македонија.

Паралелно со овој фронтален и отворен напад , се продолжи и со директни перосонални напади и по органите на управување на Синдикатот на Полиција во Македонија, па така со незаконско решение Генералниот секретарот на СПМ беше прераспореден на ново работно место во Танушевци , Синдикалниот претставник на СПМ за СВР Велес со незаконско решение беше прераспореден на ново работно место во Неготино а од пред некој ден , во итна постапка во 22:00 часот навечер Синдикалниот претставник на СПМ од Кавадарци со незаконско решение беше прераспореден на ново работно место во Прилеп.

Синдикатот на Полиција во Македонија , во своите претходни реакции и соопштенија , го информираше своето членство како и сите вработени во МВР, дека помеѓу другото е дојдено конечно време во МВР да завладее системот на ИНДИВИДУАЛНА одговорност и таква МОРА да има и ќе има!

Во тој контекст Синдикатот на Полиција во Македонија во соработка со своите стручни адвокатски тимови со кои има склучено договори за правна деловна соработка , интензивно работи на оваа проблематика и ги разгледува сите можни правни лекови по однос на сите погоре наведени донесени незаконски акти , а во прв ред на согледувањето на ИНДИВИДУАЛНАТА ОДГОВОРНОСТ на сите лица кои што учествувале во незаконската постапка на нивно донесување како што се припаднците на правната служба на МВР и претставниците на МПС кои што со право на глас членуваат во Комисиите за прераспоредување и со свое учество во истите активно допринесуваат во целиот незаконски процес на донесување на овие незаконски и сите идни и евентуални кадровски разместувања во МВР, при што по заокружување на овој процес , од страна на Синдикатот на Полиција во Македонија се планира да бидат поднесени соодветни поднесоци до повеќе надлежни државни органи .

Синдикатот на Полицијата на Македонија, и во иднина ќе продолжи да работи транспарентно и во реално време согледувајќи ги сите неправилности, а за кое нешто благовремено ќе реагира известувајќи ја јавноста и сите надлежни домашни и меѓународни институции.

Синдикат на полиција на Македонија