Во 21 век оставени без вода. Има ли МВР, командир, началник на РЦ Север и Директор на БЈБ и што прават тие?
Синдикат на полиција во Македонија како заштитник на правата на полициските службеници во МВР, ја известува јавноста дека веќе недела дена во полициската станица за граничен надзор Чашка при РЦ за ГР Север полициските службеници се оставени на милост и немилост без вода за пиење, снаоѓајќи се кој како знае. Упатуваме апел до надлежните командирот на таа станица, началникот на РЦ за ГР Север и Директорот на БЈБ веднаш да овозможат услови за живот во наведената полициска станица. Од наша страна ќе ги известиме и надлежните институции. Полицијата заслужува нормални услови за работа, ако не ја зголемувате плата, дајте му барем вода за пиење!

