СПМ продолжува со вложување во знаењето, лидерството и развојот на своите членови
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
СПМ продолжува со вложување во знаењето, лидерството и развојот на своите членови
Во периодот од 25 до 27 септември 2026 година, во хотел „Молика“ – Битола, Синдикатот на полиција во Македонија одржа обука на тема:
„Комуникација и синдикално лидерство“
На обуката учествуваа дел од претставниците на СПМ, како и нови членови, со цел унапредување на нивните комуникациски вештини, лидерски капацитети и знаења потребни за успешно синдикално организирање и застапување на правата и интересите на полициските службеници.
Предавач на обуката беше д-р Билјана Богданова Смилевска, која преку своето стручно знаење и практичен пристап придонесе учесниците да стекнат нови знаења и вештини од областа на комуникацијата, лидерството, тимската работа и синдикалното дејствување.
Посебен акцент беше ставен на значењето на јасната и аргументирана комуникација, градењето доверба, препознавањето на лидерскиот потенцијал и одговорноста на синдикалните претставници во заштитата на правата на своите членови.
За СПМ, силниот синдикат се гради преку знаење, единство, професионалност и одговорно лидерство.
Оваа обука е уште еден чекор кон создавање нова генерација обучени и подготвени синдикални претставници, кои ќе знаат како да ги застапуваат своите колеги, како да комуницираат и како аргументирано да се борат за подобри услови за работа и почитување на правата на полициските службеници.
СПМ – знаење за посилен синдикат.
СПМ – сила на новото време.

