СветСветот на работникот

Скандал во Хрватска! Градоначалник на пожарникарите им одобри регрес од 1 евро

   Време за читање 1 минута

Скандалозна одлука на градоначалникот на општина Плитвички Езера

На работниците на Јавната противпожарна служба на Плитвички Језера им е одобрено да им се исплати неверојатна сума од по 1 евро за регрес за годишен одмор, подарок за деца, Божиќ и Велигден, пренесува хрватски РТЛ.

Ова началникот го правда со нивното покачување на платите во последните два месеци, но за пожарникарите – тоа е чиста навреда.

„Анексот на колективниот договор беше склучен во третиот месец од 2023 година и за сите тие четири ставки беше околу 596 евра, скоро 600 евра за сите четири ставки. Сега се се вклопува во четири евра“, објаснува Марко Мишиќ, пожарникар.

Синдикалците тврдат – најголем проблем е што Владата ниту еден месец по протестот не донела уредба, па поглаварите, градоначалниците и префектите се однесуваат како што сакаат.

„Мислам дека пожарникарите во овој момент, со оглед на вчерашниот ден кога видоа ваква одлука која дополнително ги навреди и разбесни – нема да престанат и на поинаков начин ќе ги бараат своите права. – Нов протест? – Секако нов протест “, вели Ива Шушковиќ, претседател на Синдикатот на државни и локални вработени и функционери.