ПравдаСветот на работникот

Скопјанец со тешки повреди донесен во Градска болница

Скопјанец со тешки - Работник
192views

Млад Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди додека бил на работното место, информира полицијата.

-Вчера во 01:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди бил донесен повреден 28-годишниот Н.П. од Скопје. Според пријавеното, тој се повредил во 00:30 часот додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„516“ во Скопје, во која бил вработен. За настанот бил известен инспектор од Трудова инспекција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти МВР.