МакедонијаПравда

Скопјанка со тешки повреди донесена во болница

   Време за читање помалку од минута

Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди на работно место.

-Вчера во 12:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди била донесена 54-годишната И.Ф. од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 12:30 часот, додека извршувала работни задачи во фирма во село Кадино, скопско. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, a за настанот бил известен трудов инспектор – информира МВР.