СКОПЈАНКА СЕ ЗДОБИЛА СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ ДОДЕКА ИЗВРШУВАЛА РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА ОБЈЕКТ

На 11.01.2023 во 12.30 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ е донесена повредена В.Ѓ.(35) од Скопје, која, според пријавеното, околу 11.55 часот, додека извршувала работни задачи во објект на ул.„Никола Вапцаров“, се здобила со тешки телесни повреди.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а известен е и трудов инспектор.