НовостиСветот на работникот

Скратена работна недела – само пуста желба во Македонија

   Време за читање 1 минута

Фабриката за конфекција „Мода“ од Свети Николе, но и други текстилни фабрики во Македонија, околу 60 проценти од своето производство го извезуваат во Германија. Но, да се пласираат производите на Запад и да се исполнат барањата на компаниите од надвор станува се поголем проблем. Додека во Европа на големо се зборува и се прават пилот проекти за воведување на четиридневна работна недела, со цел зголемување на продуктивноста, за македонската преработувачка индустрија ваквите најави се само „пуста желба“. Соочени со голем недостиг на работна сила, тие велат дека едвај успеваат да постигнат и да ги завршат нарачките однадвор и со шест работни дена во неделата. 

„Нас ни фалат денови, а не пак да ја кратиме работната недела“, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија и сопственик на фабрика за конфекција „Мода“ од Свети Николе.

Тој за ДВ коментира дека идејата за четиридневна работна недела е неизводлива работа за преработувачката индустрија, иако има одредени гранки во земјата кои можат тоа да го направат без проблем.

„На пример во дел од јавната администрација на тој начин може ќе се заштеди, но во производствениот процес е неизводливо. Не можат да се запрат машините и целиот процес, ќе има повеќе загуби отколку ќар. Ние немаме начин за да ја зголемиме толку продуктивноста за да оствариме исти приходи за помалку работно време. Тоа никој не може да го направи во преработувачката индустрија“, вели Димитров за ДВ. 

Повеќе на Дојче веле

Фото: Unsplash