СКРМ: Предлогот на СДСМ делува избрзано – потребни се консултации со сите засеганти страни
СКРМ е создаден и делува на принципот на солидарност и волонтеризам и ги поддржува сите мерки кои ќе помогнат за надминување на здравствената и економската криза. Свесни сме дека новонастаната состојба директно ќе влијае врз нашиот досегашен живот, скратувајќи и ограничувајќи голем дел од нашето нормално секојдневие. Но, исто така сме свесни дека во време на криза дека треба да сме водени од потребите, а не од желбите, велат од Синдикатот на Културата на Македонија – СКРМ во соопштението за медиуми.
Според нив, една од мерките предложени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, која се однесува на намалување на платите во јавниот сектор на ниво на минимална плата во овој момент е избрзана и би ги скратила основните потреби на голем дел од населението.
„Донесувањето на такви радикални мерки по грбот на обичниот граѓанин, логично е да следува по претходно спроведени анализи и консултации со сите засегнати страни, во подолг период на криза во државата. Платите на вработените во културата и онака не се на завидно ниво и вакво драстично двомесечно намалување, ќе предизвика штета на подолг рок“, велат од СКРМ.
За таа цел, СКРМ дава неколку предлози за кои се надева дека ќе бидат разгледани и спроведени:
- Кратењето на платите да се одвива процентуално, во зависност на висината на платите или како праг да биде земена просечната плата, а не минималната плата.
- Вработените во културните и уметнички институции кои одработуваат 40 часа неделно и во времето на кризата, да не подлежат на мерките за намалување на платата (најчесто персонал за обезбедување и одржување на објектите) ;
- Вработените кои се самохрани родители да не подлежат на мерките;
- Вработените кои имаат хронични болести или се родители на дете со хронична болест да не подлежат на мерките;
- Вработените кои имаат три или повеќе деца да добиваат дополнителна финансиска помош;
- Бремените жени исто така да не подлежат на мерките, бидејќи овие мерки ќе имаат реперкусии на примањата кои ќе ги добиваат во боледувањето;
- Освен одложувањето за плаќање на кредити од страна на банките, бараме замрзнување на киријата за станување за оние вработени кои живеат во изнајмени станови;
- Намалување, одложено плаќање или плаќање на рати на режиските трошоци за време на здравствената криза;
Од СКРМ велат дека вработените во културата, како и во останатите јавни сектори, се во најголем дел луѓе кои имаат поптпросечни примања, немаат заштеди, ниту повеќе извори на прилив како што имаат сопствениците на големите компании во приватниот сектор и тие можат само да и помогнат на економијата, но не и да ја спасат, за разлика од граѓаните со високи месечни примања.
„Се надеваме дека ќе Владата ќе ја има предвид нашата моментална финансиска состојба пред да ги донесе овие предлог мерки и да го доведе јавниот сектор на колена и со тоа да остави оние кои и во нормални услови тешко преживуваат, да го понесат најголемиот товар на општеството“, додадоа од СКРМ.
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024
- Во петок прв официјален Економско социјален совет - 05/12/2024