СКСЗМ: Владата во претстојниот период треба да се фокусира кон реализација на капиталните инвестиции
Стопанската комора на Северо – Западна Македонија во текот на целиот период на пандемијата беше блиску до своите членки но и другите бизниси, поддржувајќи ги преку навремено информирање со промените и мерките кои владата ги носеше, велат од СКСЗМ за Порталот Работник.
Од таму истакнаа дека спроведувале анкети за падот на деловната актовност на своите членики и, како што велат, дури 46 % од анкетираните тврделе дека забележале пад на активноста од 30 %, во споредба со 2019 година.
„Најголемиот дел од компаниите кои тврдат дека забележале пад се од секторот трговија со производи од широка потрошувачка, производство, угостителство и туризам, градежништово… Како најчести негативни ефекти предизвикани од тој пад се намалување на приходите и обемот на работа, но и ликвидноста“.
Вчера и од Централниот регистар излегоа со податоци дека во 2020 година, 6,214 фирми биле избришани од Регистарот, што значи и дека прекинале со нивната деловна активност, односно ги затвориле своите бизнис.
Во однос предлозите за петтиот пакет мерки, од СКСЗМ рекоа дека тие на 13 јануари преку нивната прес – конференција повикале да се отворат делумно затворените сектори, да се продолжи со субвенциите за плати, како и посочиле други мерки кои, како што велат, би овозможиле поттикнување на економијата и приватните инвестиции.
Сметаат дека Владата во престојниот период ќе треба да се фокусира на максимална реализација на капителните инвестици, основање на посебен фонд за компаниите од најпогодените сектори, поттикнување на извозот преку поддршка на производителите итн.
„Фокусот на среднорочен но и долгорочен план треба да биде економијата, бидејќи штетите кои сме ги претрпеле на овој сегмент се многу големи и долготрајни, затоа не треба да дозволиме закрепнувањето да се пролонгира“, порачуваат од Стопанската комора на Северо – Западна Македонија.
Бобан Илијевски
- Проектираниот раст од 3,7% реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја - 24/04/2025
- Научници пресметале колку животи спасиле вакцините - 24/04/2025
- Сакате да ја добиете работата од соништата? Никако не ги поставувајте овие прашања на разговор за работа - 24/04/2025