- Advertisement -
МакедонијаПравда

Следната недела се очекува да бидат финализирани протоколите за отворање на кината и театрите

Следната недела се очекува - Работник
175views

Следната недела се очекува да бидат финализирани протоколите за отворање на кината и театрите. Според она што е досега познато претстави во затворено ќе се играат со 30 отсто исполнет капацитет, со задолжително носење маски и дистанца од минимум метар и пол.

На отворено, пак, дозволено ќе биде 50 отсто од капацитетот да биде исполнет. Но, организаторите ќе мора публиката да ја сместат на столчиња бидејќи доколку тие стојат редарите потешко ќе можат да контролираат дали се почитува одржувањето дистанца.

Advertisement

Засега нема јасна препорака дали актерите ќе носат маски за време претставите. Но, ќе се препорача театрите да одбираат претстави каде може тие да одржуваат дистанца.

Доколку за претставата се потребни музичари, тие треба да бидат на пет метри раздалеченост. Со тоа што треба да се избегнуваат дувачки инструменти, бидејќи тие свират под притисок и доколку се заразени би можеле вирусот да го рашират во просторијата.

Advertisement
Advertisement

Во однос на климатизацијата, институциите ќе бидат обврзани да ги исчистат или променат филтрите во климатски уреди.

Инаку, Филхармонија доби посебна дозвола за да ја почне сезоната на 3 септември. Таму се одржуваат перформанси со 30 отсто исполнетост на капацитетот.

Театар Комедија, пак, веќе подготвува претстава која кон крајот на месецов ќе се одржи на отворено на паркингот пред театарот.

Извор: Сител

Advertisement