- Advertisement -
ЕкономијаИнтервјуаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Следната недела ќе бидат соопштени мерките за угостителите, теретаните и спортските центри

Следната недела ќе бидат соопштени - Работник
458views

Мерките што Владата ги најави за угостителите, теретаните и спортските центри, кои сега се затворени, ќе бидат објавени во текот на наредната недела кога ќе се знае и  моделот на обесштетување, тврди министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА во кое истакнува дека набргу се очекуваат и мерките од  петтиот пакет  за кои некои закони сѐ уште се во Собранието.

– И едниот и другиот сет мерки може да се очекуваат набргу, во прашање се денови и секогаш се прават напори мерките да стигнат што побргу до стопанството и граѓаните, иако не секогаш може да се постигне со оглед на процедурите за законските измени – вели Бесими.

Според министерот набргу, овие дејности, но и другите стопанственици погодени од кризата, како и граѓаните, ќе можат да ги очекуваат и мерките од Петтиот пакет кои се во собраниска процедура. Дел од роковите се пробиени, но ќе се направат прилагодувања преку амандамни за да може истите да се ползуваат.

Така на пример, вели, кај мерката финансиска поддршка за исплатата на плати, на работодавачите ќе им се даде можност истовремено да аплицираат за двете плати – и февруарската и мартовската. Рокот за мерката за финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани, исто така ќе биде поместен до крајот на месецов.

Министерот оценува дека целта е мерките да стигнат до граѓаните и стопанството и да го дадат економскиот и социјалниот ефект поради кои истите се донесени.

– Мерките даваат резултати, како што видовме и од претходната реализација кај четирите пакети. Владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, поточно, според калкулациите на Министерството за финансии, истиот е амортизиран за 4,2 процентни поени, односно без мерките падот ќе достигнеше дури 8,7 отсто –  вели Бесими.

Тој додава и дека владата е максимално посветена на справување со негативните последици на пандемијата врз економијата.

– Во рамките на четирите пакети кои се предмет на анализа,  донесени се околу 70 различни мерки, со кои се опфатени и  поддржани компаниите  и граѓаните погодени од пандемијата. Износот на имплеметираните мерки, односно мерки кои им биле ставени на располагање на граѓаните и на стопанството е 860 милиони евра или 82 отсто од вкупниот план за износ на мерки. По пакети – првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1 отсто, вториот пакет мерки е 100 отсто имплементиран, третиот пакет 75,4 отсто и четвртиот пакет 72,7 отсто. Мора да се нагласи дека некои од мерките од третиот и четвртиот пакет се реализираат во текот на оваа година, така да вкупната имплементација на мерките во однос на плант може да се зголеми па дури да достигне и до  може да достигне и до 99 отсто имплементација – вели Бесими.