НовостиСветСветот на работникот

СЛОВЕНЦИТЕ СЕ ВО ПОТРАГА ПО РАБОТНИЦИ: Одат во далечна земја за да се видат со кандидатите

   Време за читање помалку од минута

Словенечките газди бараат работници на Филипините.

Службата за вработување на Република Словенија во март организира саем за вработување во главниот град на Филипини, Манила. Настанот ќе се совпадне со отворањето на словенечката амбасада во Манила, а во оваа прилика е планирано и долгоочекуваното потпишување на меморандумот за соработка меѓу двете земји во областа на вработувањето. Работодавачите кои ќе учествуваат на состанокот ќе имаат бесплатен изложбен простор каде што ќе можат да разговараат со потенцијалните кандидати. Лани, според податоците од ноември, во Словенија имало 324 вработени Филипинци, информира „СЕЕ.биз.еу“. Словенците лани правеа саем и во Македонија.