- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Додека фирмите отпуштаат луѓе поради корона кризата, мрзливиот Шилегов вработува 175 партиски послушници во ЈСП

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ - Работник
508views

Почитувани,

Мрзливиот Шилегов со скандалозни вработувања во претпријатието кое тоне во долгови и живее на субвенции од градот Скопје.

Додека фирмите отпуштаат луѓе поради корона кризата, мрзливиот Шилегов вработува 175 партиски послушници во ЈСП.

Неработникот Шилегов молчи и не коментира затоа што е фатен жив како ги распарчува и превработува државните институции со партиски војници додека приватниот сектор едвај преживува.

Нема објаснување од Шилегов како дури по 3 години од законот за јазици на списокот од 175 партиски вработувања се најде и место за советник на директорот за спроведување на овој закон. Што ќе го советува директорот овој советник кога ЈСП нема ниту преведувачи.

Потоа директорот на ЈСП ќе добие и оперативен директор и директор за инвестиции. Која инвестиција ќе ја донесе во ЈСП кога ова претпријатие живее со донациите и субвенциите на градот Скопје.

Зошто во ЈСП неработникот Шилегов вработува лице за обезбедување и чување на имот кога претпријатието троши грдни пари за најмување на агенција за обезбедување на имоти и лица.

Јавноста ќе памети наместо работа 175 вработувања на партиски војници на мрзливиот Шилегов.