МакедонијаНовостиСиндикат

СОНК беше дел од работилница за решавање на работни конфликти

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Изминативе два дена,во организација на Solidarity center од САД, во Охрид се одржа тренинг работилница со синдикални лидери на СОНК, на тема: Медијација за синдикални лидери-алатка за успешно решавање на конфликти.

Одличните обучувачи, преку практични вежби, покажаа како може многу полесно да се надминат конфликтните ситуации кои произлегуваат од синдикалната работа.

Учесниците на обуката, задоволни од стекнатите знаења, убедени се дека ќе бидат подготвени за поедноставно решавање на споровите во работната средина.