МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК: Директорите кои ги повикуваат наставниците на работа, ќе ја преземат одговорноста доколку тие се заразат

1.75Kviews

Во период на беснеење на смртоносниот вирус и ден со најголем број починати и заразени, некои директори на училишта ги повикуваат наставниците на работа, и тоа сите, без посебен план на активности и сериозна причина за ставање во ризик вработените од зараза.

Ги предупредуваме таквите директори дека ја превземаат сета одговорност врз себе за последиците од евентуалните можни заразени вработени,заради необезбедени заштитни средства и социјална дистанца.

Работните обврски кои ги имаат наставниците во однос на пополнување на педагошка администрација, предлагаме да биде после 10 јуни, освен за завршните одделенија, и тоа по распоред на активности во помали групи.
Наставничките совети да се одржуваат користејќи ги социјалните платформи кои и досега беа користени.

Толкувањето на владината Уредба од 57 седница со која се укинува работата од дома за училиштата не важи, од причина што учебната година трае до 10 јуни и се изведува on line од дома.

Сите постапки на директорите на училиштата кои се во спротивност со актуелните Закони и Уредби и преставуваат опасност по здравјето на вработените, благовремено да ги пријавите до претставниците на СОНК како и надлежните институции.

Фејсбук статус на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура- СОНК.