МакедонијаСветот на работникотСиндикат

СОНК: Има недостиг на технички средства

161views

Ќе го издржи ли националната платформа оптеретувањето откако денес и на учениците ќе им се поделат лозинки за директен пристап.

За точно една седмица започнува новата учебна година. Следуваат денови на тестирање на националната платформа а МОН ги трча последните метри пред финалната линија , зад која стојат многу предизвици.

Време немаме, но сме постојано во трчање да обезбедиме успешен старт на  новата учебна, изјави министерката Царовска, додавајќи дека локалната самоуправа и директорите се задолжени за непречена онлајн настава да обезбедат интернет и техничка опрема.

„Секако дека дел од училиштата имаат договор со вработените во период на набавка да користа и свои уреди, да не заборавиме дека платформата е активна и на смарт телефони, таблети не само на десктоп компјутери и лап топи. Така да таа е лесна за употреба, е треба некои посебни перформанси за да биде ставена во фуинкција.“ – изјави Царовска.

Од Синдикатот за образование и понатаму остануваат на ставот дека голем дел од училиштата сепак немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава .

„Стојам зад изјавата што ја дадов. Таа се темели врз основа на нашите сондажи кои доаѓаат од училиштата и врз основа на Законот за работни односи каде се вели дека работодавачите се обврзани да обезбедат услови за работа на работниците. Доколку не би имале што да работиме, како и би работеле.“ – изјави Јаким Неделков СОНК.

Општинскот основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, е целосно подготвено за настава со физичко присуство,директорката Спасова вели дека се обезбедени сите услови, во три смени, училиштето да ги отвори вратите за учениците.

„Сандо Масев со сите ресурси, со појачан интернет, со обезбедени технички средства во делот на компјутери, звучници, камери ,е подготвено и за учење и од далечина. Стартуваме  со од прво до трето но очекуваме  позитивен одговор на барањето и за настава со физичко присуство.“ – велиДрагица Спасова – дирек.ООУ Сандо Спасов – Струмица.

Во меѓевреме одобрение за настава со физичко присуство добија 169 училишта, од кои 147 се подрачни основни училишта, додека за централните  училишта дозволи не беа дадени бидејќи бројот на ученици е поголем и постои ризик од ширење на заразата.

Само 4 средни училишта добија дозвола за целосна настава со физичко присуство на учениците,  додека 10 средни училишта  ќе користат комбиниран модел во процесот на практична настава, додека теоретската и за нив ќе биде онлајн.

Извор: ТВ24