СОНК и МОН во преговори за зголемување на платите
Време за читање помалку од минута
На денешната работна средба во МОН со Министерката за образование и наука и Државниот секретар за образование и наука се расправаше за барањето на СОНК за зголемување на платите во основното и средното образование. И покрај буџетскиот дефицит, двете страни се согласивме дека треба да се направат дополнителни напори и да се најдат алтернативни решенија, како би можело ова многу важно прашање за секторот основно и средно образование да се заокружи со Спогодба и зголемување на септемвриската плата.
Беше разговарано и за потпишување на нови Колективни договори, оптимизација и реформи во образованието како и очекувани резултати од истите со подигнување на квалитетот на наставата.