МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК и НАкС: Заедно ќе презeмеме законски мерки против намерата за формирање на синдикат на универзитетите

   Време за читање 6 минути

Бобан Илијевски

Ќе ги преземат сите законски и легитимни мерки доколку ректорите на јавните универзитети не се откажат од намерата да формираат синдикат кој е противзаконски, порачаа денеска од прес – конференцијата Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Независниот академски синдикат – НАкС во придружба на уште неколку грански синдикати која се одржа симболично пред споменикот на синдикалното делување.

Денеска се собравме во поголем број пред овој споменик симболично за да покажеме дека зад ова што заедно го прават СОНК и НАкС, стојат и поголем број на грански синдикати и федерации и конфедерации, рече Претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

„Цениме дека ова што го правави работодавачот на универзитетите е само упад во синдикалното организирање и дејствување. Ова е лошо за синдикатите и претставува лоша порака за демократизацијата на синдикалното движење и за демократските односи во државата“, рече Неделков

Тој упати повик до оние коишто го направија ова и се обидуваат да го регистираат синдикатот којшто би бил евентуално репрезентативен на ниво на работодавач, да прекинат со такавата намера, во спротивно ќе ги преземат сите законски мерки за заштита на правата на работниците, синдикатите, а воедно и ги повикуваат надлежните да ги преземат сите мерки за кршење на одредби на Законот за работни односи, Уставот и меѓународните конвенции кои ги има ратификувано Р. Македонија.

Неделков истакна дека тие ги информирале и Европската и Светската организација на синдикати и им укажале на состојбите во Македонија на синдикално поле. Тој верува дека за многу брзо ќе реагираат во рамките на нивните надлежности и дека тоа ќе биде лош сигнал за Македонија.

Тој нагласи дека најмалку што и треба на Македонија кога е пред вратата на Европската унија е испраќање на пораки на недемократија во синдикалното делување.

Оваа симболика треба да биде знак дека нешто ново се случува во Македонија на синдикалнта сцена, а тоа значи дека во наредниот период од СОНК ќе излезат со изјава дека двата синдикати ќе се здружат, ќе го искористат законското право и ќе го докажат својот лигитимитет, односно репрезентативноста на ниво на работодавач.

Тој наведе дека ќе најдат начин согласно Законот за работни односи да бидат репрезентативни и повеќе никој да не ги плаши вработените дека договорените 10 проценти во преговори со Министерството за образование нема да им бидат исплатени, доколку не се зачленат во новоформираниот синдикат.

Неделков рече дека ова право може да им биде загрозено и дека на ректорите и на Министерството за образование им испратиле дописи дека тие ќе бидат виновни што спречиле да се зголемат платите за договорените 10 проценти. Потенцираше дека имаат информации од терен кои укажуваат дека доколку не се земат 10 – те проценти синдикатите ќе бидат виновни, што го ценат како дополнителн притисок врз синдикалните организации на СОНК и НАкС за разбивање на едниството.

НАкС со СОНК веќе ја известија јавноста дека во тек е акција за организирање и основање на нов синдикат на јавните универзитети, со една единствена цел, потпишување на Колективен договор кој има една единствна точка, а тоа е покчаување на платите за 10 проценти во високото образование, рече. Елена Ѓукеска, в.д Претседател на Независниот академски синдикат – НАкС.

„Според дописите кои ни беа испратени на факултетите и изјавите во медиумите на ректорите нема сомнение дека овој синдикат единствно може да биде таканаречен синдикат, затоа што зад иницијативата на неговото основање не стои ниту еден вработен, група на вработени, ниту иницијативен одбор, туку работодавачот лично, претставен преку ректорската управа, генералниот секретар, деканите и.т.н“, рече Ѓуковска.

Таа истакна дека од дописите што ги добиле дознале дека акцијата е координирана со Министерството за образование и наука. Според неа, тие укажале дека со овој акт се маригнализираат двата синдикати кои веќе делуваат во сферата на високото образование. Таа наведе дека овој акт преставува и кршење на Законот за работни односи, бидејќи членот 195 експлицитно забранува работодавачот да се меша во основањето и функционирањето на синдикатите.

„Ова преставува и уцена кон врабоените во високообразованите институции дека нема да го добијат веќе ветеното покачување на платите од 10 проценти доколку не се основа овој синдикат. Овој акт преставува упад во слободата на синдикалното организирање и застрашување не само на вработените, туку и на синдикатите“, рече Ѓуковска.

Таа порача дека не се воопшто уплашени заштоа што се свесни дека заедно се посилни и цврсто убедени дека академската заедница заслужува многу повеќе од 10 проценти. Наведе дека очекуваат надлежните институции да ги преземат сите мерки кои им стојат на располагање за да се запре понатамошното прекршување на законите и на Уставот од оние кои се назначени како лица одговорни за законитоста на нашите институции. Го повикуваат Министерството за образование и наука да биде внимателно при запишувањето на овој нов синдикат во регистаторт на синдикати и да провери дали е се легитимно.

Додаде дека НАкС ќе продолжи да ја води синдикалната борба со сите достапни законски средства и со поддршка на сите синдикати.

Двата синдикати поддршка добија од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Незавсниот синдикат на полицијата, синдикатот на дипломати, синдикатот на новинари, синдикатот на УПОЗ и Синдикатот на култура на Р.Македонија