МакедонијаСветот на работникотСиндикат

СОНК: Мерките на Владата одат во правец на намалување на работничките права

СОНК: Директорите да го пресметаат додатокот - Работник
429views

1 ви мај – меѓународниот ден на трудот, повеќе од 100 години претставува симбол на борбата на работниците за остварување на нивните права за достоинствена работа, за живот, за демократија, за слобода, наведуваат од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија.

Во продолжение прогласот на СОНК:

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија нема да се приклучи кон славењето на овој ден од многу едноставна причина, бидејќи состојбата на работниците во Македонија не е за славење. Заради тоа, ќе кажеме дека го одбележуваме овој меѓународен ден на трудот, на кој ден во минатото борците за работничките права ги дале и сопствените животи во борбата за остварување на човековите права за 8 часа работа, 8 часа рекреација и 8 часа одмор.

Оваа година 1-ви мај во Македонија се одбележува во посебни услови, кога во светот и кај нас се прогласени вонредни услови од пандемија на вирусот COVID-19. Во вакви вонредни услови на живеење и работа, имаме и вонредни мерки предложени и усвоени од Владата, кои одат во правец на намалување на правата на работниците по однос на нивниот  социо-економски статус, како и правото на нормално живеење, работење, функционирање.

СОНК, во повеќе наврати, бараше од Владата да ги преиспита своите Одлуки и воедно да ги повлече сите оние Уредби коишто се однесуваа за намалување на платите на работниците во јавниот сектор, како и укинување на додатоците на плата, коишто се права загарантирани со закон и колективен договор. СОНК, исто така, жестоко реагира и изразува големо незадоволство од Владата, која што практично без никаков социјален дијалог, со репрезентативните синдикати, особено со СОНК, кој што е убедливо најголем синдикат во јавниот сектор, носи Уредби со кои еднострано ги суспендира, односно ги прекршува Законот за работни односи, законите за дејности, колективните договори и меѓународните конвенции, кои го гарантираат правото на плата и додатоци на плата на работниците. СОНК стои на својот став дека, дури и во вакви околности, односно и во вонредна состојба на државата, мора да се почитува правото на социјален дијалог и партнерство, особено кога се работи за вакви осетливи прашања, што се однесуваат на социјалната сигурност на работниците. Исто така, не смееме да го премолчиме фактот што веќе една година Комисијата за утврдување на репрезентативност избегнува да се состане и да утврди, согласно фактичката состојба, репрезентативност на национално ниво на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. Оттука, се поставува прашањето зошто не се дава репрезентативност на КСС и дали има некаков договор помеѓу власта и дел од членовите на оваа Комисија?! Веројатно одговорот ви е познат, а резултат на тоа е вистинскиот синдикат кој се залага за зачувување и подобрување на правата на работниците – КСС, да се дистанцира, замолчи и да не му се даде можност да учествува во таканаречениот Економско-Социјален Совет и на таканаречените преговори со Владата, каде што со тежината на своите аргументи ќе ги оправда своите забелешки, сугестии и предлози, во правец на надминување на оваа исклучително тешка положба за целата држава, за работниците, за работодавачите….

Од тие причини, СОНК упатува барање до Владата, оваа, но и идната, со кои што:

  1. Ќе се врати демократијата во синдикалното организирање и дејствување, како и почитување на репрезентативноста на синдикатите.
  2. Ќе се подигне социјалниот дијалог и партнерство на највисоко ниво, согласно домашните закони, колективните договори и меѓународните конвенции.
  3. Владата да обезбеди мерки, со кои што ќе се сведе на минимум отпуштањето од работа на работниците заради моменталната вонредна состојба.
  4. Владата со сериозен пристап да ги разгледа предложените антикризни мерки од Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС и Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР.
  5. Владата, сега и во иднина, да се откаже од намерата за кратење на плати и додатоци на плати на работниците, со што би заштедиле средства, со кои ќе се инвестира во последиците од кризата.
  6. Владата да ги искористи сите национални расположливи човечки ресурси, без разлика на партиска припадност, во изнаоѓање на најсоодветни прифатливи решенија за надминување на оваа економска криза.

СОНК е свесен за моменталната ситуација на државата, особено од аспект на нефункционирање на голем дел од приватниот сектор, што предизвикува отпуштање на работници од една страна, како и немање на капацитет за полнење на буџетот, од друга страна. Исто така, свесни сме дека оваа здравствена криза се преточува во светска економска криза, која што несомнено нема да ја заобиколи и нашата држава. Од тие причини, уште еднаш укажуваме на сериозноста на овој проблем и потребата за консензус меѓу политичките субјекти во државата, во однос на изноѓање најдобри економски мерки и решенија, за што е можно побезболно да се надмине кризата. Секако и ние како синдикати се ставаме на располагање, со сиот наш капацитет, заедно здружени и единствени да помогнеме во ваквата ситуација.

Ние сме убедени дека доколку се искористат капацитетите на СОНК и КСС, без се фаворизира некој квази синдикат, кој што од формален карактер се претставува како единствен заштитник на работничките права, тогаш во тој случај ќе имаме многу повеќе шанси за успех и што побезболно излегување од оваа здравствена и економска криза.

Ни престои неизвесен и тежок период, период на отпуштања и економска криза и конечно дојде вистинско време синдикатите во Македонија да го оправдаат името “Синдикат” и цврсто да застанат во одбрана на работничките права.