МакедонијаСиндикат

СОНК побара од политичките партии да ги презентираат предизборните програмите пред нивното членство

СОНК побара од политичките партии - Работник
905views

По Синдикатот на Клинички центар кој излезе со свои барања до политичките партии, СОНК како синдикат на вработените во образованието, науката и културата побара од политичките партии да ги презентираат нивните програми пред нивното членство, стои во одговорот на СОНК на прашањето на Порталот Работник за тоа што очекуваат од политичките партии.

„Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија како најголем Синдикат во јавниот сектор, и воопшто како најголем Синдикат во државата, во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати, ги поканува сите политички партии и коалиции, кои претендираат да ја освојат власта, да дојдат и да ја презентираат нивната програма пред раководството на организацијата“, велат од СОНК

Истакнаа дека СОНК сака изворно да ги слушне предизборните ветувања, но и да ги искаже и проблемите и очекувањата од новата Власт за вработените во дејностите што ги покрива СОНК ( детска заштита, образованието,  науката и културата) како и воопшто во јавниот сектор.

Посочија дека со оглед дека овие дејности се од исклучително значење за развој и промовирање на државата, а вработените се наоѓаат на маргините на социјалниот и економскиот опстанок, нашето очекување е дека конечно ќе мора да се понуди и реализира програма која ќе ги направи првите позитивни чекори за промена на ваквите состојби.

Бобан Илијевски