СОНК предлага постоечките коефициенти да се зголемат за 10,7 %
Фејсбук статус на претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Министерството за култура даде насоки за пресметка на мартовската плата.
Се чини, недореченоста или лошата формулација на дел од одредбите на ОКД (општиот Колективен договор), повторно ќе создадат забуна и револт кај вработените во културата. Така како што се насоките од министерството, мартовската плата би била повторно скусена за соодветна сума на средства, во зависност од работното место.
СОНК уште еднаш, јавно предлага, постоечките коефициенти на сложеност по работно место, со измени и дополнување на колективниот договор ( анекс на колективниот договор) да се зголемат за 10,7%, како право од ОКД. Со тоа, сигурни сме дека трајно ќе се надмине недоразбирањето кое прерасна во сериозен проблем помеѓу министерството и синдикатите.

