МакедонијаСветот на работникотСиндикат

СОНК: Препорачуваме родителите кои работат од дома, да не ги испраќаат децата во градинка за време на пандемијата

СОНК - Работник
700views

Дали треба да се отворат градинките? Ова е прашањето коешто е на пикот на македонската јавност веќе подолго време. Како што пренесува Курир, Министерот за здравство рекол дека одржале неколку состаници со претставници на Министерсртвото за труд и социјална политика и со членовите на Комисијата за заразни болести. 

„Различни се предизвиците во училиште, а други се во градинка. Следната недела ќе се донесе одлука. Мора да имаме протоколи што ќе бидат водич за спроведување на наставата. Помали групи во училиштата, како резултат на тоа повеќе смени и покус час. Што пократко време во затворен простор. Доколку може, и наставниците да бидат ограничени во контактите со групите деца што ги учат. Ако е помала групата на деца, а тој наставник заболи, сите од групата се во ризик. Мали групи, честа дезинфекција, сите со маски“, истакнал Филипче, пренесува Курир

Ставовите се поделени. Додека едни сметаат дека сеуште не е време да се отворат градинките, други се залагаат за ова идеја. 

Од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК сметаат дека протоколите треба внимателно да се донесат, бидејќи во прашање е здравјето на децата, но и на вработените во градинките.

„СОНК предлага во градинка да почнат само децата, чии двајца родители работат и немаат можност работата да ја извршуваат од дома, притоа придржувајќи се до мерките за заштита од вирусот Ковид – 19, додека пак оние родители кои имаат можност да работат од дома, сметаме дека не треба да ги испратат своите деца во градинка. На овој начин ќе се намали ризикот од зараза и кај децата, но и кај вработените.“, вели Генералниот Секретар на СОНК, Весна Неделковска за Порталот Работник. 

Неделковска истакна дека на нив како синдикат им е најважно здравјето на вработените во градинките, но се разбира и на децата.

Таа посочи и дека децата коишто се на помала возраст, односно од 7 месеци до 1,5 година може да одат во градинка, доколку е тоа неопходно, бидејќи за нив со пособен протокол може да се погрижат вработените во градинките да немаат физички контакт, додека постарите деца, вели, мали се шансите да се држат до мерките за заштита. 

Помеѓу родителите веќе се поделени прашалници, за тоа кои од нив имаат можност да ги чуваат децата дома, а кои од нив мораат да ги испратат во градинка поради работни обврски. 

Бобан Илијевски