Синдикат

СОНК учествуваше на работилница организирана од синдикатот од кантон Сараево

Фејсбук статус на Јаким Неделков, претседател на СОНК:

По покана на синдикатот за основно образование и згрижување на деца од Кантон Сараево, СОНК учествуваше на тридневна работилница во Олово, БиХ. Темата на семинарот беше ,, Работното законодавство во секторот предучилишно и основно образование ” на кој што учество земаа синдикални представници од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија и домаќинот Босна и Херцеговина. Општа констатација е дека секаде во споменатите држави, овие дејности се девалвирани и потценети и дека заслужуваат повисок статус во општеството.