- Advertisement -
Наука

Сонцето на Земјата е бесконечен извор на енергија – најголемиот фузиран реактор во светот ќе биде изграден за пет години

Најголемиот фузиран реактор во светот ќе биде изграден за пет години - Работник
470views

На југот на Франција започна изградбата и монтажата на најголемиот фузионен реактор во светот, кој има потенцијал да ја отклучи тајната на скоро бесконечен извор на енергија за човештвото.

Проектот „Итер“ (International Thermonuclear Experimental Reactor) вреден 20 милијарди евра, ќе ги реплицира процесите што ги прави сонцето и треба да покаже дека енергијата од нуклеарна фузија може да се создаде на комерцијално ниво.

Иако се планира да започне со производство на првите количини на енергија во 2025 година, сепак ќе биде само за истражување и развивање на технологија. Експертите веруваат дека ќе бидат потребни неколку децении за да се усоврши технологијата што ќе овозможи поврзување на фузиони реактори со комерцијални електрични мрежи.

И покрај тоа, огромна надеж е поставена во проектот, бидејќи нуклеарната фузија нуди чист и скоро бесконечен извор на енергија, иако досега човештвото не успеа да ги надмине техничките предизвици за извлекување екстремна количина на енергија.

Гигантскиот реактор ќе биде составен од милиони делови, кои ќе тежат 23.000 тони, а проектот ќе биде најсложениот инженерски потфат во историјата.

Целиот склоп ќе содржи 10.000 тони магнети, од кои некои се потешки од патничкиот авион, како и 200 километри суперпроводнички кабли, кои ќе се чуваат на температура од минус 269 степени Целзиусови – приближно апсолутна нула.

Ветување за мир

Францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со други европски официјални претставници од Кина, Индија, Јапонија, Кореја, Русија и Соединетите држави, го прославија почетокот на работата на монтажа на реакторот.

Лансиран во 2006 година, Итер се планира да постигне целосна нуклеарна фузија во 2023 година, но крајниот рок сега е малку поместен.

„Постојат моменти кога народите одлучуваат да ги надминат своите разлики заради заедничките историски цели. Одлуката за лансирање на Итер во средината на 2000-тите беше еден од тие моменти. „Етер е ветување за мир“, истакна Макрон.

Вкупно 35 нации соработуваат на изградбата на „токамак“, уред за магнетна фузија, што треба да го докаже потенцијалот на фузијата.

Извор: rts.rs