ПравдаСветот на работникот

Соопштението на ТВ24 по веста дека Зекири има коронавирус

373views

Соопштението на ТВ24 ви го пренесуваме интегрално:

По денешната објава на пратеникот Мухамед Зекири дека е заразен со коронавирус, Телевизија 24 ја информира јавноста дека Зекири во четвртокот беше гостин во Отвореното студио, на дебата со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Дебатата ја водеше колешката Душица Мрѓа.

Во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите, испочитувани се сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде беше присутен Зекири е дезинфицирано.

Во комуникација со епидемиолозите преземени се дополнителни мерки, за да се превенира било каков ризик.

Колешката Мрѓа е добро, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите.

На Зекири и неговото семејство му посакуваме брзо оздравување.

Телевизија 24 продолжува непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија и протоколите за работа во услови на епидемија.