„Со години наназад вработените во јавната администрација се уценувани со партиски ангажмани“

Фејсбук статус на Трудовиот сектор на Левица:
Со години наназад вработените во јавната администрација и државните органи се уценувани со партиски ангажмани. Kазната за непочитување на партиските директиви е отказ или дисциплински постапки. Поблагата варијанта на казнување е дистанцирање од работното место, распоредување, мобинг или одземање на овластувањата,
Со ригидните одлуки на тврдоглавите директори голем број на вработени добија откази без отказен рок преку ноќ и оставија цели семејства во егзистенцијална криза. Во секоја агенда на партиите основен елемент е работникот. За време на кампања го фалат и величат работникот како есенција на општеството, но по доаѓање на власт партиските членови се “наградени” со работно место за кое треба баш како и Илинденците крваво да го спечалат.
Додека во една држава во која до неодамна живеевме работникот беше градителот на општеството, денешните политики на СДСМ и ВМРО, работникот го направија гласачка машина која се активира за и по потреба на остварување на нивните цели. Ако работникот порано беше среќен член од средната класа, денес работникот е исплашен и осиромашен.
Работникот во самостојна Македонија е на најнискио место во скалата на почитување на правата. Најнапред со прогласување на фабриките за загубари и приватизацијата во време на СДСМ , огромен број на работници остана под Бирото за вработување, а нивните семејствана улица. Понатаму ВМРО направи паралелен систем на вработување со партиска книшка. Наместо работникот да биде слободен и да придонесува за општеството со својот труд, политиките направија партиски послушници кои имаат револт кон извршување на работните обврски затоа што биле претходно измалтретирани.
Потребно е вистинско вреднување на трудот и знаењето на работникот во јавната администрација, а не припадноста на одредена партија и поседувањето на партиска книшка.
Се додека внатрешната политика не се ориентира кон потребите на работникот нашето општество нема да прогресира економски а уште помалку да ги достигне стандардот на европските држави.