МакедонијаПравда

Спасовски: Инспекторите да утврдат зошто трговците ги зголемиле цените на производите

92views

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски изјави дека е даден налог до инспекциските служби да проверат дали, каде и зошто има поскапувања на домашните производи по воведувањето на платежните картички,  откако граѓаните реагираа дека на рафтовите во продавниците голем број домашни производи добиле повисоки цени.

Ќе видиме што ќе кажат инспекциските органи за оваа појава која не е масовна, но ја има во некои продавници – изјави Спасовски.

Како што вели тој, тоа зголемување на цените на производите нема врска со платежната картичка.

Спасовски го повтори апелот  да не се користи кризата за правење профит.

Сега е момент да помогнеме на граѓаните сите заедно – рече Спасовски.

Извор: Лидер