- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Влез во задоволна и професионална Полиција, ВРАЌАЊЕ ВО СЕГАШНОСТА

СПМ - Работник
519views
Влез во задоволна и професионална Полиција, ВРАЌАЊЕ ВО СЕГАШНОСТА ‼️
 
И полициските службеници од Стрезимир заслужуваат достоинство, зошто не го почитувате тоа?
 
На ден 18.07.2021 година „свечено“ Министерот Спасовски (читај НАЈДОБРИОТ МИНИСТЕР некогаш на овие простори) се пофалив дека го отворил привремениот граничен премин Стрезимир – Рестелица.
 
Министерот пред цела Македонска јавност „се пофали“ дека „отворил“ граници што ќе бидат безбедни и отворени за граѓаните.
 
    КАКВА ОДЛИЧНА РЕКЛАМА ⚠️‼️
 
Но дали е така во реалноста и дали Вие како 3 највисоки раководители во Министерството (Министер, Заменик Министер и Директор на БЈБ) ја знаете вистината, која за жал секако не е онака како што Ви ја прикажаа кога се сликавте пред клупите и столчињата. Но да почнеме со ред…..
 
Во 2004 година се поставени четири привремени контејнери во која била сместена Полицијата поради чување на граничната линија со Албанија и Косово. По демаркација на границата, линијата се поместува на 300 метри кон косовска страна, со што некаде во 2018 година контејнерите се украдени. Објектот од тврда градба е од косовска страна со што после демаркација го добива Македонската полиција, но е целосно руиниран, со бутнат кров и земјен под, внатре со фекалии  каде обично се засолнуваат мигранти кога нема  таму присуство на Полиција. Патот од Македонската страна е земјен а асвалтот кој е прикажан на сликите со Министерот е од косовската страна и од тие причини за да се слика министерот е одено од другата страна. Поранешната полициска станица била сместена према врвот „Кораб“ но не се користи и привремено полицијата е сместена во објект на „ЕЛЕМ“ поставен за чување на патот. Прв пат ваква идеја за отварање  на привремениот премин имало во 2018 година но потоа поради ковид-кризата во 2020 се затвара. Кога се поаѓа од градот Дебар оддалеченост од местото е 21 километар, но по поминување на мостот кон објектот после 4 километри се губи секаков сигнал, бидејќи нема репетитори, не се користат радиоврски ниту мобилни телефони, па полициските службеници се оставени на милост и немилост, понекогаш и по осум часовно патролирање, а сега откако Полицијата е „задоволна“ патролирањето трае  по 12 часа. Конкретно за масата и столовите кои ги виде јавноста, истите се земени од објектот на АД „Елем“ и се користат за јадење, овој пат пред Министерот за сликање. Полициските службеници на ова место одат со службено возило „Дефендер“ и седат внатре, со себе немаат оперативни гласници, информации за потерници и сл.,па секој што ќе помине на „таканаречениот“ премин  се пуштаат на „жими мајка“, единствено нешто е што УПС водат евиденција со запишување  на лицето. Од рубриката „задоволна“ полиција ќе издвоиме и дека полициските службеници воопшто немаат тоалет и истите одат каде ќе се снајдат, јадат во џипот, било сонце, било дожд тие се во џипот. Оддалеченост од објектот на „Елем“ до местото каде што се поставени УПС на т.н граничен премин е 15,5 километри а смената им е само дневна од 08.00 до 20.00 часот. Порано праксата беше на граничниот премин да оди само еден УПС, сега од понеделникот најверојатно оти Министерот ја помина границата и му ставија печат на пасошот  се ставени по двајца  УПС на смена. 
 
Согласно наведеното Бараме како Синдикат да ги преземете сите мерки за заштита и здравје при работа и на наведените полициски службеници да им се овозможат најнеопходните услови за ЖИВОТ!!! 
 
Го повикуваме Државниот инспекторат за труд, Санитарната инспекција, Народниот правобранител и сите надлежни институции да излезат на терен и ја констатираат КАТАСТРОФАТА и НЕ ЧОВЕЧКИТЕ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ на полициските службеници од овој се само не привремен граничен премин во Стрезимир. 
 
Влез во задоволна и професионална Полиција, враќање во сегашноста ‼️
 
И полициските службеници од Стрезимир заслужуваат достоинство, зошто не го почитувате тоа?
 
Подоле ВИСТИНСКИ и Реални и вознемирувачки  слики од хотелот со 7 звезди на местото каде ја помина границата Министерот Спасовски ®️
 
Welcome to the hotel “STREZIMIR” such a lovely place⛔😢