СПМ во рамките на спортските игри организира искачување на врвот „Магаро“ на Галичица
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија (СПМ):
Врв „Магаро”, Галичица
Со својата висина од 2254 метри е еден од највисоките врвови во Национален парк Галичица и најпопуларна дестинација за планинарите во Паркот.
Врвот Магаро се наоѓа на јужниот дел од Паркот, на Стара Галичица. Поради природните вредности, поширокиот простор околу Магаро е под режим на строга заштита, а до врвот пристапот е дозволен само по обележаната пешачка патека која започнува од превојот Баба.
Од врвот Магаро ќе имате прекрасен поглед на Охридското и Преспанското Езеро кој трајно ќе остане во Вашите спомени.
СПМ на ден 16.05.2026 година организира искачување на врвот во рамките на првите спортски игри кои оваа година ќе се одржат во Охрид.
Должина во правец: 3 км
Тежина: 7/10
Време на искачување: 3,5 часа
Висинска разлика: 750 м
Почетна точка: премин Галичица – Липова Ливада
Храна и вода од ранец.
Тргнување: 09.30 часот.
Пријавување: sindikatnapolicijavomakedonija@gmail.com

