СПМ – Куманово: Се вршат политички притисоци врз полициските службеници
Фејсбук статус на Синдикалната ораганизација Куманово при Синдикатот на полицијата во Македонија:
По јавно објавените фотографии каде во предизборната камапања за локалните избори на одредени кандидати за градоначалник се видени Началникот на СВР Куманово и дел од ново вработените, по истите стапки тргна и нашиот еден и единствен најсакан, незаменлив министер Oливер Спасовски 

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ доби неколку поплаки од некои вработени кои сакаа да останат анонимни, поради страв од несакани последици.


Во СВР Куманово се врши психични притисок и од истите секојдневно се бара да достават списоци со имиња и телефонски броеви од граѓани кои ќе гласаат за една од политичките партии на престојните локални избори. 
“Задолжената “(“иден началник во сенка на едно Одделение”) за собирање на вакви списоци, се става во улога на косопственик на заробеното СВР Куманово, а по претходно добиени насоки и одобрение од повисоки истанци си зема за право, да уценува и прети со нови незаконски прераспоредувања на пониски позиции, па дури и со отказ на неистомисленици и политички неопределени колеги кои не сакаат да учествуваат во процесот кој со сила им се наметнува.

Хаосот кој владее во СВР Куманово, го разбираме, тоа е резултат на немоќ и се поголема бројка на вработени кои од ден на ден се повеќе и погласно се спротиставуваат на вакви појави. 

Дали наш нај, нај Министре законите важат за сите вработени во Министерството подеднакво? 

Или истите се измислени како параван за казнување на луѓето кои ќе се спротистават на вашите ставови. 

Во СВР Куманово се застапени три полициски синдикати, па поради тоа Синдикат на полиција во Македонија ги повикува другите два синдикати јавно да се спротивстават доколку наидат на вакви и слични појави и застанат во одбрана на оние врз кои се врши политички притисок





