МакедонијаСиндикат

СПМ: Јавни набавки во МВР – планирајте за полицаецот, не за табелата

Фејсбук стаутс на СПМ:

Јавни набавки во МВР – планирајте за полицаецот, не за табелата❗

Јавната набавка во МВР не треба да биде само ставка во годишниот план и бројка во буџетот. Таа треба да започне од едно едноставно прашање: што му е потребно на полицискиот службеник за безбедно и професионално да ја извршува работата⁉️

Кога се набавуваат униформи, обувки, заштитна опрема, возила, оружје, средства за комуникација и друга опрема, приоритет треба да биде полицаецот на терен – оној што секојдневно го носи ризикот.

Не може да се зборува за професионална полиција ако службеникот нема соодветна и навремена опрема. Не може да се бара одговорност од полицаецот за резултатите, а истовремено институцијата да не му ги обезбеди основните услови за работа.

Јавните набавки не смеат да се кројат според тоа што е најлесно да се набави, туку според тоа што реално му треба на полицаецот.

Ако веќе се трошат јавни пари, тогаш тие треба да се трошат таму каде што најмногу значат – во опремување на оние што се први на линијата.

Затоа, планот за јавни набавки во МВР треба да биде план за побезбедна, поопремена и попрофесионална полиција, а не само уште еден документ исполнет со бројки.

Полицаецот нѐ треба да биде последната ставка во планот. ТРЕБА ДА БИДЕ ПРВАТА ❗