СПМ до министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски достави барање околу проблемот со немање возила за инспекторите и цивилниот дел
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
СПМ до министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски достави барање околу проблемот со немање возила за инспекторите и цивилниот дел
Синдикатот на полиција во Македонија – СПМ реагира на состојбата со службените возила во Министерството за внатрешни работи.
Посебно загрижувачки е фактот што инспекторите и вработените во цивилниот дел често немаат на располагање соодветни службени возила за извршување на своите работни задачи.
Во исто време, правилата од предметниот Правилник, предвидуваат службените возила да се заменуваат со нови по 5 години или по поминати 150.000 километри.
Прашањето е едноставно: ако постои правило – зошто истото не се применува доследно?
Не може од вработените да се бара ефикасност и професионалност, а притоа да немаат ниту основни услови за работа.
Согласно наведеното, СПМ бара ИТНО набавка на цивилни возила за голем дел од организациските единици во МВР кои немаат делумно или воопшто немаат никакви возила за извршување на службените задачи, како и рамномерна и правична распределба на возилата, особено за инспекторите и цивилниот дел, како и почитување на критериумите за навремена замена на возниот парк.
Возилото не е привилегија – тоа е работно средство.
СПМ – ПРАВДА ПРЕД СÈ![]()

