- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: ДАЛИ ПОЛИЦАЕЦОТ Е ГРАЃАНИН – ДАЛИ ПОЛИЦАЕЦОТ ИМА СВОИ СЛОБОДИ И ПРАВА?!?

СПМ - Работник
460views

Синдикатот на Полиција во Македонија, и во овој случај по кој знае кој пат, со огромно жалење ја прими информацијата дека Министерството за внатрешни работи , од скоро го има напуштено уште еден припадники наш член Полицаец од СВР Куманово . 

Имено, според информациите со кои што располагаме,  се работи за млад , чесен и доскорашен припадник на полицијата, кој што уште од моментот на неговото вработување, учествувал во извршување на најсложени полициски задачи а истовремено бил ангажиран и како припадник на Посебната Единица за Подршка при СВР Куманово при што во сите негови ангажмани покажал висок степен на професионалност и посветеност во работењето . 

Покрај наведеното, доскорашниот колега, на сопствен трошок, во меѓувреме се има стручно дообраззовано на еден од Факултетите за детективи и криминалистика во Македонија при што се има стекнато со 240 кредити и со звање „Дипломиран криминалист„. 

За жал излегува дека посветеноста, ангажираноста, професионалноста и стручното дошколување, не биле критериуми кои што требало да бидат земени во предвид , па така истиот колега без никаков повод и причина и без никакво образложение, во Октомври 2020 година од неговото работно место како полицаец во ПС од ОН Куманово, со незаконско Решение незаконски е распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење како полицаец во полициско одделение Матејче кое што се наоѓа во истоименото село во Општина Липково.

 

Бидејќи на релација СВР Куманово – ПО Матејче , нема организирано службен превоз, а нема воспоставено ниту јавен превоз, колегата бил принуден со негово приватно возило да патува од и до неговото работно место поминувајќи во просек од околу 40 км во еден работен ден. 

Соочен со голем притисок, малтретирање и мобинг на неговото работно место, допринеле да кај колегата се јави висок степен на разочараност и демотивираност, по што истиот донел одлука за напуштање на Министерството за внатрешни работи. 

Според наши согледувања, ваквите отворени форми на директен мобинг и притисок од страна на началникот врз припадниците на СВР Куманово, се и основна причина за моменталната актуелна состојба на длабоко нарушени меѓуколегијални и меѓучовечки односи помеѓу сите припадници на СВР Куманово каква што не се памети во подалечната историја на егзистирање на СВР Куманово. 

Во контекст на сето погоренаведено и досега јавно обелоденето, Синдикатот на Полиција на Македонија јавно го прашува нашиот највеличествен, најдобар, единствен  градител и фарбач на фасади, нашиот  најдобар министер за внатрешни работи на сите времиња Оливер Спасовски, дали кога на ден 13.09.2021 година ја дадовте Вашата изјва дека „МВР е институција која што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните„ мислевте на околноста дека и ПОЛИЦАЕЦОТ Е ГРАЃАНИН , односно дали полицаецот има или според Вас најверојатно и нема СВОИ СЛОБОДИ И ПРАВА ??!!?? 

На крај, Синдикатот на Полиција на Македонија јавно по кој знае кој пат Ве прашува, дали и до кога мислите да го толерирате безредието и јавашлукот на Вашиот партиски пајташ-началникот на СВР Куманово, кој што деновиве наместо да се наоѓа на своето работно место и да раководи со СВР Куманово, истиот секојдневно ги отвара и затвара партиските штабови на една политичка партија, додека во тоа време СВР Куманово се наоѓа во лимбо состојба и се движи во надолна линија по слободен пад во сите сфери на полициското работење. 

Доаѓа време кога за сите свесно направени и од буџетот исплатени штети ќе треба да се поднесе одговорност а за која цел ги охрабруваме сите припадници на МВР да продолжат и понатаму професионално да си ги извршуваат своите работни обврски и за сите незаконитости и направени штети јавно да говорат и истите благовремено да ги пријавуваат. 

Синдикатот на Полиција на Македонија на колегата кој што ја донел одлуката да го напушти МВР – СВР Куманово, му посакува среќа и успех во понатамошниот живот, а од друга страна упатува отворен повик до Одделот за внатрешна контрола (доколку посрои во МВР) детално да го истражи целиот случај и против началникот на СВР Куманово да ги преземе сите расположливи законски мерки .