СПМ: Започна пракса на поништување на решенијата на Министерот за распоредување на полициски службеници

СПМ- Работник
112views
Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:
Известување 

Се известуваат сите членови и вработените во Министерство за внатрешни работи дека по наша многубројна писмена реакција до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен веќе е отпочната пракса со која сите работници кои се распоредени надвор од местата на живеење (од еден СВР во друг) со РЕШЕНИЕ се поништуваат решенијата донесени од Министерот за внатрешни работи. Тоа е одлично иако борбата да стасаме до тука до овој стадиум беше многу тешка.
Останува сега (веќе се поднесени и основани докази до комисијата) Државната комисија со решение да ги поништи решенијата донесени од Министерот на работници распоредени надвор од местата на живеење но во рамките на ист Сектор за внатрешни работи. Се надеваме и веруваме дека Комисијата ќе ги земе во предвид доставените до неа укажувања и докази доставени од нас како Синдикат и во иднина ќе започне со законска примена на материјалното право.



ДОСТА Е





Известување 🇲🇰
Се известуваат сите членови и вработените во Министерство за внатрешни работи дека по наша…
Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Thursday, January 14, 2021
Advertisement
Advertisement