ЕкономијаМакедонијаМакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Спасовски: Бараме државна помош од 9,000 за лицата што земаат пензии до 12,000

   Време за читање 1 минута

Пензионерскиот синдикат на Македонија при КСС бара со петтиот сет на антикризни мерки да бидат опфатени сите пензионери со државна помош, вели Претседателот на синдикатот, Марјан Спасовски.

„Бараме пензионерите кои имаат пензии до 12,000 денари, да земат државна помош од 9,000 денари, додека за тие коишто имаат пензија над 12,000 денари, да земат државна помош од 6,000 денари. Нашите барања се должат на тоа што пензионерите се едни од најранлвите категории на граѓани во државата и тие се во ситуација да се грижат и за своето семејство со нивните приходи“, вели Спасовски. 

Тој истакна дека највното покачување на пензиите за 185 денари е минимално и дека потребно е да се воведе поволен модел за усогласување на пензиите, преку кој тие ќе се усогласуваат 100 % според поволниот индекс на просечна нето исплатена плата и растот на цените, односно инфлацијата. 

Потребно е да се воведе и минимална пензија која ќе обезбеди достоинствен и пристоен живот, право на сите пензионери на различни форми на работа без суспензија на пензиите, вистинско јавно здравство достапно за сите и зајакнување на првиот државен пензиски столб, истакна Спасовски. 

Пензионерскиот синдикат ќе вложи напори за надминување на пречките за работата на синдикатот преку контакти со надлежните институции во државата, порача Спасовски.

Бобан Илијевски