СПМ им го честита 1 Мај на своите членови и на сите вработени во МВР
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија (СПМ):
СРЕЌЕН ПРАЗНИК – ДЕН НА ТРУДОТ ![]()
![]()
По повод 1 Мај – Денот на трудот, упатуваме искрени честитки до сите членови на Синдикатот на полиција во Македонија, како и до сите вработени во Министерството за внатрешни работи.
Овој значаен ден е симбол на вековната борба за работнички права, достоинствени услови за работа и сигурност на секој вработен во МВР. Вашата професионалност, одговорност и посветеност во извршувањето на сложени и чесни задачи претставуваат темел на безбедноста и стабилноста на државата.
Со особено внимание го очекуваме целосното стапување во сила на новиот Закон за внатрешни работи на 01.07.2026 година, со уверување дека истиот ќе донесе реални и видливи подобрувања во статусот на вработените – пред сè во делот на платите, работните услови и правната сигурност.
Синдикатот на полиција во Македонија ќе продолжи одговорно да учествува во овие процеси, доследно застапувајќи ги интересите на своите членови.
Нека овој ден биде потсетник за силата на единството, значењето на солидарноста и потребата од истрајност во борбата за подобар и поправеден статус на сите вработени.
Ваш,
Синдикат на полиција во Македонија

