СПМ со честитка по повод Денот на Армијата
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
Честитка од Синдикат на Полиција во Македонија
по повод Денот на Армијата – 18 Август 🇲🇰
Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија,
почитувани граѓани,
Од името на Синдикат на Полиција во Македонија, Ви го честитаме Денот на Армијата на Република Македонија – ден посветен на оние кои со заклетва, чест и пожртвуваност стојат во одбрана на татковината.
Секој припадник на Армијата, при стапувањето во служба, ја дава својата света заклетва:
„Се колнам дека ќе ги бранам слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Дисциплинирано, совесно и одговорно ќе ги извршувам обврските и должностите како бранител на мојата татковина Република Македонија и ќе се борам за нејзината слобода и чест.”
Нека денешниот празник биде потсетник за силата и жртвата на македонскиот војник и нека ни биде патоказ за иднината во која ќе ја чуваме и градиме нашата држава со иста решителност и љубов.
Нека е честит Денот на Армијата! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

