МакедонијаСиндикат

СПМ: Полицаецот не е потрошен материјал

Полицаецот не е потрошен материјал‼️

Во Македонија постојано зборуваме за безбедноста на граѓаните. Но, ретко кој прашува колку е безбеден човекот што треба да ја гарантира таа безбедност.

Од полицаецот се бара да биде прв кога сите други бегаат од опасност. Да работи ноќе, под стрес, со оружје и со ризик по сопствениот живот.

А за тоа добива плата која често едвај го следи растот на трошоците или поточно речено, добива основна плата пониска од 100 евра од минималната плата во Македонија.

Уште поголем проблем е безбедноста и здравјето при работа – БЗР. Но БЗР со години и години нема, не постојат во полицијата.

Заштитната опрема, исправните возила, соодветните услови за работа и проценката на ризик не се луксуз. Тие се законска обврска.

Полицаецот не смее да биде тој што ќе плаќа со сопственото здравје за туѓата неспособност, штедење или неодговорност.

Не може државата да бара максимална професионалност од полицаецот, а кон него да се однесува како кон евтина работна сила.

Полицаецот не бара привилегија. Бара достоинствена плата и безбедни услови за работа.

Затоа што човекот кој секој ден ги штити граѓаните заслужува и државата да го заштити него.

Полицаецот не е потрошен материјал❗

#враќањенапрофесионализмотвополицијата