СПМ Куманово ги повикува членовите од Куманово на полициски пикник
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
СООПШТЕНИЕ И ПОКАНА ДО СИТЕ ЧЛЕНОВИ ОД СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА СПМ СВР КУМАНОВО – СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА – СПМ
„Од поделби кон сплотеност – бидејќи сме обични луѓе со иста болка, иста насмевка“
Колеги, пријатели, браќа и сестри по професија и живот,
Долго време не разделуваа ѕидови,
Ѕидови изградени од молк, разочараност, поделби, непријателства, функции, титули и недоразбирања.
Не’ научија да се гледаме преку раменици, да премолчуваме болка, да се откажуваме од блискоста.
Но сега да кажеме: Доста е!
Сите ние носиме иста мака.
Исти сме во задачите, иста ни е правдата што ја бараме, иста ни е тижината што нè гуши на крајот на денот.
И кога се радуваме – радоста ни е иста.
И кога ни тече солза – солзата нема функција, нема чин, нема страна.
Само човештво. Само радост. Само болка. Само една вистина.
Сите сме обични луѓе – со сина униформа и тежина што секојдневно ја носиме.
Секој од нас е вреден, секој глас е важен, секоја рака што се подава е благослов.
Никој не е повисок, никој не е помалку човек.
Затоа, Ве повикуваме –не на обичен пикник, туку на ден на враќање и обединување на еден со друг.
Да ја срушиме секоја бариера што со години не разделуваше.
Да покажеме дека човечноста, солидарноста и добродетелството се посилни од секоја функција.
Функциите се менуваат – луѓето остануваат.
И она што не’ прави луѓе е што чувствуваме – и болка и радост. И гнев и простување.
И токму тоа нè прави едно големо семејство.
Место: Меморијален центар- АСНОМ во Пелинце
Датум: 6-ти Септември (сабота)
Почеток: 11:00 часот
![]()
Пријавување за сигурно присаство: До 25.08.2025 година ( поради добра и успешна организација на настанот)
Да дојдеме сите – не по ранг, туку по срце.
Да седнеме заедно – не по оддел, туку по душа.
Да се потсетиме – дека уште сме живи луѓе, со срце што чука за правда. И за другарство.
Нека овој ден биде симбол на нов почеток –
на обединување, пријателство и човекољубие.
Зашто не’ има – и ќе не’ има многу, само ако чекориме заедно.
Со искрена почит,
СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА на СПМ СВР КУМАНОВО
– Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ
Сила, Правда, Достоинство

