МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ – Куманово: Се вршат политички притисоци врз полициските службеници

Фејсбук статус на Синдикалната ораганизација Куманово при Синдикатот на полицијата во Македонија: 
 
По јавно објавените фотографии каде во предизборната камапања за локалните избори на одредени кандидати за градоначалник се видени Началникот на СВР Куманово и дел од ново вработените, по истите стапки тргна и нашиот еден и единствен најсакан, незаменлив министер Oливер Спасовски ‼️📸 💖
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ доби неколку поплаки од некои вработени кои сакаа да останат анонимни, поради страв од несакани последици.💥🤒🤕
Во СВР Куманово се врши психични притисок и од истите секојдневно се бара да достават списоци со имиња и телефонски броеви од граѓани кои ќе гласаат за една од политичките партии на престојните локални избори. 😱
“Задолжената “(“иден началник во сенка на едно Одделение”) за собирање на вакви списоци, се става во улога на косопственик на заробеното СВР Куманово, а по претходно добиени насоки и одобрение од повисоки истанци си зема за право, да уценува и прети со нови незаконски прераспоредувања на пониски позиции, па дури и со отказ на неистомисленици и политички неопределени колеги кои не сакаат да учествуваат во процесот кој со сила им се наметнува.‼️😤
Хаосот кој владее во СВР Куманово, го разбираме, тоа е резултат на немоќ и се поголема бројка на вработени кои од ден на ден се повеќе и погласно се спротиставуваат на вакви појави. ✊💥
Дали наш нај, нај Министре законите важат за сите вработени во Министерството подеднакво? ⁉️🎯
Или истите се измислени како параван за казнување на луѓето кои ќе се спротистават на вашите ставови. ⁉️🤔
Во СВР Куманово се застапени три полициски синдикати, па поради тоа Синдикат на полиција во Македонија ги повикува другите два синдикати јавно да се спротивстават доколку наидат на вакви и слични појави и застанат во одбрана на оние врз кои се врши политички притисок‼️✊👮‍♂️👮‍♀️🇲🇰