СПМ: Лага е дека Спасовски платите ги зголемил за 41 %
Демант на Синдикатот на полиција во Македонија на објавата на поранешниот Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски:
Оливер, си тераш и фураш кампања, мислиш сеуште си “недопирлив ” и министер и уште ќе ги злоупотребуваш колегите од Одделот за од односи со јавност и ќе ти прават десетици спота дневно “кревајќи” и живеејќи го филмот дека немало подобар Министер од тебе од времето на пирамидите досега.
Но да се вратиме на темата…
Синдикат на полиција во Македонија упатува ДЕМАНТ на вчерашната објава на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски дека платата на вработените во МВР во “неговата” ера се покачила за вртоглави 41%….и од 31.000 во 2016 сега во 2024 стасала 44.300.
ОВА Е ТОТАЛНА ЛАГА И МАНИПУЛАЦИЈА
Пак ќе повториме, основната плата на полицаец во моментов изнесува 520 (бод) х 32 ден.(вредност на бод)= 16.640 денари.
ТОЛКУ Е ОСНОВНАТА ПЛАТА НА ПОЛИЦАЕЦ ВО МОМЕНТОВ
Спасовски и неговото катастрофално владеење во МВР ќе бидат запаметени како елементарната непогода која го снајде МВР.
Тој заедно со неговиот тим ќе бидат запомнати како “ ТИМОТ” кој “Победнички” успеа да го наруши интегритетот на институцијата и здравјето на полицајците!!!
Ништо помалку, а многу повеќе од тоа, за жал. И добро е што не си веќе на чело на МВР, и што НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПОВТОРИШ.
И немој повеќе да манипулираш со вработените и Македонската јавност
#враќањенапрофесионализмотвополицијата